Српскиот селектор Светислав Пешиќ го објави конечниот список од 12 кошаркари кои ќе настапат на претстојниот светски шампионат што стартува на 25 август.
По серијата контролни натпревари, последен од списокот отпадна Алекса Раданов, по што е јасно дека Србија ќе напаѓа мундијалски медал со овие 12 кошаркари: Стефан Јовиќ, Богдан Богдановиќ, Вања Маринковиќ, Огњен Добриќ, Душан Ристиќ, Марко Гудуриќ, Дејан Давидовац, Бориша Симаниќ, Алекса Аврамовиќ, Никола Милутинов, Никола Јовиќ и Филип Петрушев.
Србија се наоѓа во групата Б на претстојниот Мундобаскет заедно со селекциите на Порторико, Кина и Јужен Судан. Нашиот северен сосед првиот меч на СП ќе го игра на 26 август против Кина, со почеток во 14 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

