Се ближи стартот на новата сезона во ракометната Лига на Шампиони, па ЕХФ традиционално ги избра десетте најдобри трансфери што клубовите кои се дел од елитното европско натпреварување ги направиле летово. За нас најинтересно, во оваа Топ 10 листа се најде и едно од засилувањата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој по долги години се враќа назад во Лигата на Шампионите.
Голманот Калифа Гедбан е еден од десетте најдобри трансфери во ЛШ според европската куќа на ракометот, откако алжирскиот голман пристигна од таборот на Динамо Букурешт.
„Алжирскиот голман му помогна на Вардар до втората иттула во ЛШ во 2019 година.Пота, тој се пресели во Леон, па во Динамо Букурешт, каде повторно покажа дека е на нивото на Лигата на Шампионите. Сега негова цел е да му помогне на Еурофарм Пелистер при камбекот на овој клуб во елитното еврпоско натпреварување“, се вели во анализата на ЕХФ за трансферот на Гедбан.
Покрај алжирскиот интернационалец, на оваа топ-листа се најдоа уште и Хасан Кадах (Замалек во Киелце), Винсан Жерар (Сан Рафаел во Кил), Александер Блоц (Пик Сегед во ГОГ Гудме), Феликс Клар (Алборг во Магдебург), Јакоб Холм (Берлин во ПСЖ), Миха Зарабец (Кил во Висла), Никлас Ландин (Кил во Алборг), Сандер Сагосен (Кил во Колстад) и Лудовик Фабрегас (Барселона во Веспрем).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА