Валентин Кочоски од Струга ТЛ се пресели во Воска

Екипата на Воска продолжува со засилување на играчкиот кадар за наредната сезона, откако постигна договор за ангажман на Валентин Кочоски.

Станува збор за 26-годишен играч за врска кој доаѓа од редовите на шампионот Струга ТЛ. Кочоски ги мина последните две сезони во дресот на стружани, но неодамна ја прекина соработката со овој клуб, барајќи ангажман во тим каде би имал улога на стандарден првотимец. Од неколкуте понуди на маса тој ја избра онаа на Воска, па денеска потпиша едногодишен договор со охридскиот прволигаш.

„Кочовски има 147 натпревари во Првата лига и со своето искуство се очекува да помогне на нашиот тим во ова натпреварување. Догвоворот е со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона“, објави Воска.

Се вчитува...