Јирген Клоп може да здивне откако денеска доби добра вест, Премиер-лигата донесе одлука да ја прифати жалбата на Ливерпул поврзана со црвениот картон на Мекалистер на последниот меч со Борнмут.
„Црвените“ се жалеа дека картонот е престрого доделен, а по прегледувањето на снимката од сите агли беа прифатени аргументите на овој клуб,па црвениот картон е поништен. Со самото тоа, Аргентинецот нема да заработи суспензија од три натпревари што е автоматска при секое директно исклучување во Премиер-лигата, одлична вест ако се знае дека „црвените“ во следното коло ги очекува тешко гостување против Њукасл.
На овој дуел се очекува од првата минута да стартува и Јапонецот Ендо, кој влезе во вториот дел против Борнмут, но на „Сент Џејмс Парк“ би требало да се појави во тимот уште од првата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

