Хрватскиот клуб Горица денеска соопшти дека нивниот фудбалер Абудла Талал Хамид исчезнал, и побара помош од сите граѓани.
Хрватите соопштија дека фудбалерот од Будимпешта се упатил кон Хрватска, но од тогаш му се губи секаква трага. Сега автомобилот со кој се упатил е пронајден од страна на унгарската полиција, но од него и натаму нема ни трага ни глас.
Полицијата не исклучува и киднапирање, а тврдат дека има причини за таков расплет на оваа ситуација.
Хамид е играч од Ирак, а има и шведски пасош. Во минатото играл во Унгарија, а пред неколку дена стана нов член на Горица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

