Српскиот фудбалер Лука Јовиќ речиси сигурно ќе ја напушти Фиорентина до крајот на преодниот рок, а негова следна дестинација ќе биде Милан, пишуваат италијанските медиуми.
Тренерот Стефано Пиоли многу ја сака играта на Србинот уште додека беше дел од Реал Мадрид, и сега е шансата да го доведе во своите редови. Според информациите, Јовиќ ќе заработува во Милан исто како и во Фиорентина – 2,5 милиони евра по сезона.
Фиорентина според договорот има право на Јовиќ до 2024, но 50% има право и Реал Мадрид. Тој беше поврзуван со враќање и во Црвена Звезда, но поради неговата плата овој трансфер е невозможен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

