Вардар по први бодови, Гостивар на нов „поправен испит“

Гостивар и Вардар се двата тима кои по првите три кола се без бодови во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. И двата тима врзаа три порази по ред, нешто кое малкумина го очекуваа. Особено од Гостивар, кој донесе речиси цел еден тим во своите редови, но за „хаосот“ да биде поголем пред неколку дена овој клуб се ослободи од седуммина играчи, меѓу кои имаше и искусни имиња.

Тимот на Гостивар ќе се обиде да сврти нова страница денеска против Работнички. „Романтичарите“, пак, имаа добар старт на сезоната со две победи над Шкупи и над Македонија ЃП и пораз од Силекс во Кратово, најавувајќи амбиции за излез во Европа.

До својата прва победа во сезоната ќе се обиде да дојде Вардар. Со нов тренер и со нови раководни структури, „црвено-црните“ предводени од своите навивачи „Комити“ ќе ја имаат поддршката на денешниот меч со Силекс, после кој очекуваат нови ветришта во најтрофејниот клуб и враќање на победничките патеки. Дали ќе може Васоски да ја врати барем дел од старата слава на Вардар, останува да се види, но дефинитивно е јасно дека „црвено-црните“ ги чека грчевита битка за опстанок.

Шкендија очекува трета победа и продолжување на серијата и против Брегалница. Тетовскиот тим првпат сезонава ќе игра пред домашната публика, откако оствари две гостински победи против Воска и против Тиквеш, а домашниот дуел против Струга ТЛ беше одложен поради обврските на стружани во Европа.

Македонија ЃП и Шкупи немаа старт каков што посакуваа на сезоната. Шкупи загуби од Работнички, па го совлада Вардар и одигра нерешено со Силекс, а „лавовите“ пак загубија од Работнички и од Тиквеш, а ја победија Брегалница. Чаирчани важат за едни од фаворитите за титулата, и тоа треба да го покажат и на денешното тешко гостување во Ѓорче Петров.

ПМФЛ, 3. КОЛО 

ДЕНЕСКА, 16:30 Ч.

Гостивар: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
Скопје, Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
Скопје, Маџари: ВАРДАР – СИЛЕКС

УТРЕ, 16:30 Ч.

Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ

ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ (ОДЛОЖЕНА)

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...