Ајакс засега не го пушта Кудус во Вест Хем

Ајакс ја одби понудата од Вест Хем за услугите на Мохамед Кудус. Понудата изнесуваше 42 милиони евра, но истата е одбиена, и засега репрезентативецот на Гана останува во Амстердам.

Вест Хем вчера се засили со грчкиот репрезентативец Динос Мавропанос, и сега сака да го засили средниот ред. Исто така тимот од Лондон се подготвува за евентуална продажба на Лукас Пакета, кој е на „радарот“ на Манчестер Сити, но против него се води истрага против наводно обложување, и се чека на негов трансфер на „Етихад“.

Досега овој тим покрај Мавропанос, ги ангажираше и Едсон Алварез од Ајакс и Џејмс Вард-Проус од Саутемптон.

Се вчитува...