Хуго Лорис дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во Лацио откако францускиот голман ги прекина преговорите со Клаудио Лотито. Финансиските детали беа начелно договорени, но пресуден беше разговорот што Лорис го имаше со тренерот Сари, од кого му беше кажано дека ќе нема загарантиран првотимски статус, туку ќе мора да се бори за местото на прв голман во тимот.
Францускиот ветеран сака да си замине од Тотенхем токму за да биде првотимец во новиот клуб, а откако ова негово барање било одбиено од „лацијалите“, тој и дефинитивно ги прекинал преговорите со калчолигашот. Наместо преселба, Лорис ќе остане во Тотенхем, клуб со кој има уште една година од договорот, но не се исклучува можноста во меѓувреме да си замине ако добие интересна понуда до крајот на преодниот рок.
Сари од друга страна веќе се насочи кон „планот Б“ за голманската позиција, тргнувајќи по резервниот голман на Салернитана, Сепе. Овој чувар на мрежата е резерва на Очоа во Салернитана, но Сари е убеден дека е доволно квалитетен за да го носи дресот на Лацио. Двете страни се блиску до договор, па Сепе би можел до крајот на оваа седмица да се пресели на „Олимпико“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

