Србинот Хукиќ е нов центар на Кожув

Екипата на Кожув продолжување со составување на играчкиот кадар откако денеска беше официјализиран нов странски кошаркари. Станува збор за Душан Хукиќ, кошаркар висок 210 сантиметри кој ќе треба да даде значаен придонес во играта под обрачите.

Хукиќ е српски интернационалец  и доаѓа од Словачката екстра лига, каде што бележел 10 поени и 5 скокови во просек. Тој е второто странско засилување за прволигашот од Гевгелија, кој вчера потпиша договор со американскиот плејмејкер Колин Слејтер.

Кожув на плејмејкерската позиција ќе го има и искусниот Димитар Караџовски, кој потпиша од Пелистер. Нови договори со Кожув летово потпишаа Горан Главчев, Илија Колев и Димитар Лазаревски.

Се вчитува...