ВИДЕО: Гостивар во раната фаза до предност против Работнички

И покрај сите проблеми со кои се соочува тимот изминативе денови по трите порази на стартот од новата сезона, фудбалерите на Гостивар први поведоа во денешните натпревари од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Гостиварци уште во раната фаза од натпреварот имаат предност против Работнички.

Домашните поведоа во 13. минута со голот на Алпер Потук кој одлично прифати една одбиена топка по одличниот шут од далечина.

Се вчитува...