Вардар води против Силекс, Гостивар со предност против Работнички на полувремето (ВИДЕО)

Само два гола во првото полувреме на четирите денешни натпревари од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот погодок во колото денеска во Гостивар, каде домашните водат против Работнички со 1-0.

Домашните поведоа во 13. минута со голот на Алпер Потук кој одлично прифати една одбиена топка по одличниот шут од далечина.

Вардар, под водство на Александар Васоски, има предност од 1-0 против Силекс на полувремето по голот од пенал на Дарко Мицевски во 40. минута од средбата. Пред пеналот кај гостите исклучен Љамалари.

На останатите два натпревари по првите 45 минути нема погодок.

ПМФЛ – 4. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС 1-0

Мицевски 40′(п)
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Гостивар: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 1-0
Алпер Потук 13′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0
УТРЕ (16:30 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ
27. СЕПТЕМВРИ 2023
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...