ВИДЕО: Мајсторски гол на младиот Велковски, Вардар води со 2-1 против Силекс

Одличен натпревар играат Вардар и Силекс во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Откако „црвено-црните“ поведоа со голот од пенал на капитенот Дарко Мицевски во 40. минута, Силекс израмни во 52. минута со голот на Анѓелески.

Но, по една грешка на гостинската одбрана, младиот десен бек на Вардар, Давид Велковски мајсторски погоди за ново водство од 2-1 на тимот на Александар Васоски…

Се вчитува...