ВИДЕО: Брегалница погодува диреци, Шкендија казни со голот на Аганспахиќ

Иако се чини Брегалница е многу подобар, поконкретен противник, на дуелот во Тетово против Шкендија во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, сепак тетовци водат со 1-0.

Брегалница имаше две 100% можности да дојде до предност, најпрво Колин Андерсон во 39. минута сам беше пред голот на Шкендија по нафрлањето на Венегас, но домашниот голман го одбрани неговиот удар од само неколку метри.

Во 49. минута одличен шут од 16 метри испрати Роналдо Вебстер, но дирекот го спаси голот на Шкендија.

Па сето тоа беше казнето во 62. минута со голот на нововлезениот Аганспахиќ за водство од 1-0 на Шкендија…

Се вчитува...