Вардар, под водство на Александар Васоски, конечно до првиот бод во сезоната во која се врати во Првата македонска фудбалска лига. По трите претходно порази, „вардарци“ ремизираа во 4. коло со 2-2 на домашен терен против Силекс, но испуштија убава можност и за триумф над кратовци кои израмнија во последните минути од средбата.
Вардар дојде до водство со голот од пенал на Дарко Мицевски во 40. минута од средбата. Пред пеналот кај гостите исклучен Љамалари.
Во одличен натпревар низ второто полувреме, Силекс израмни во 52. минута со голот на Анѓелески. Но, по една грешка на гостинската одбрана, младиот десен бек на Вардар, Давид Велковски мајсторски погоди за ново водство од 2-1…
Сепак, во 86. минута Ефтимов начека еден „отпадок“ пред голот на Вардар за конечни 2-2.
Првиот погодок во колото денеска беше во Гостивар. Домашните уште во раната фаза од средбата поведоа против Работнички во 13. минута со голот на Алпер Потук кој одлично прифати една одбиена топка по одличниот шут од далечина. Гостивар конечните 2-0 ги постави во 80. минута преку Селмани.
Иако се чини дека Брегалница одигра максимално рамноправен натпревар со Шкендија во Тетово, сепак загуби со 2-0 во меч во кој домашните ги користеа своите шанси.
Брегалница имаше две 100% можности да дојде до предност, најпрво Колин Андерсон во 39. минута сам беше пред голот на Шкендија по нафрлањето на Венегас, но домашниот голман го одбрани неговиот удар од само неколку метри. Во 49. минута одличен шут од 16 метри испрати Роналдо Вебстер, но дирекот го спаси голот на Шкендија.
Па сето тоа беше казнето во 62. минута со голот на нововлезениот Аганспахиќ за водство од 1-0. Дита во 97. минута само ги постави конечните 2-0 по еден брз контранапад.
Единствено немаше погодоци на натпреварот меѓу Македонија ЃП и Шкупи во Ѓорче Петров.
ПМФЛ – 4. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС 2-2
Мицевски 40′(п), Велкоски 60′ – Анѓелески 52′, Ефтимов 86′
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Аганспахиќ 62′, Дита 90’+7
Гостивар: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 2-0
Алпер Потук 13′, Селмани 80′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0-0
УТРЕ (16:30 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ
27. СЕПТЕМВРИ 2023
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

