Нухиу: Одличен старт, но сезоната е долга и не смееме да летнеме во облаци

Шкендија славеше со 2-0 над Брегалница и ја забележа третата победа во својот трет меч одигран во Првата лига, со што тетовци најавија дека се подготвени повторно да се борат за шампионскиот трофеј во мак-фудбалот.

„Црвено-црните“ имаа и доста среќа ако се знае дека Брегалница пропушти неколку одлични шанси при 0-0, по што Шкендија во вториот дел го скрши отпорот на штипјани и стигна до бодовите. Тренерот Ардијан Нухиу е задоволен од конечниот исход, но и јасно им порача на своите избраници дека добриот старт на сезоната не смее да создаде еурофорија во таборот на тетовскиот тим.

„Ова се само три натпревари, стартот е одличен, но сезоната е долга и мораме да останеме сконцентрирани со нозете на земја, не смееме да летнеме во облаци. Победивме силен тим, Брегалница е екипа што игра тактички добар фудбал, а сега има и фудбалери кои се технички одлично потковани. Сепак, мислам дека пресуди нашата желба за победа, тоа беше клучен фактор за да стигнеме до бодовите“, изјави Нухиу.

Се вчитува...