Тотенхем не сака да плати – нуди само позајмица за Лукаку

Тотенхем заработи над 100 милиони евра од продажбата на Хари Кејн во Баерн Минхен, но „спарси“ немаат намера да ги потрошат овие пари на Ромелу Лукаку.

Белгискиот ас се наоѓа на листата на желби на лондонскиот клуб како потенцијална замена за Кејн, но во предвид доаѓа само позајмица, и тоа без задолжителна клаузула за следното лето. Тотенхем би платил пет милиони фунти за позајмицата, бидејќи во таборот на „спарси“ се свесни за огромните осцилации во формата на Лукаку и не сакаат да ризикуваат да платат 40 милиони за негов трансфер, но и да му понудат висока плата на која без сомнеж ќе инсистира бидејќи му е загарантирана со актуелниот договор со Челси.

На потег се челниците на Челси, кои досега инсистираа на перманентен трансфер, но по пропаднатите преговори со Интер и со Јувентус сега веќе немаат премногу простор за маневар. Ако во наредните денови не се најде нов купец за Лукаку, позајмицата во Тотенхем би останала како единствена опција пред крајот на преодниот рок, во спротивно Челси ќе мора да го задржи и скапо да го плаќа голгетерот на кого Покетино воопшто не смета и кој тренира со младинскиот тим на „сините“.

Се вчитува...