Ромелу Лукаку сега е далеку и од Рим, откако се појавија информации дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо тргнал по неговите услуги. Меѓутоа до трансфер нема да дојде, затоа што „волчицата“ се откажала од негов ангажман.
Сега Рома се сврти кон потпис на Сардар Азмун од Баер Леверкузен, кој наскоро би можел да пристигне на „Олимпико“. Рома е во потрага по напаѓач по повредата на Тејми Абрахам кој ќе паузира неколку месеци.
Сега една од опциите за Белгиецот е Тотенхем. Меѓутоа лондонскиот тим не сака да го плати да го ангажира, па сега во опција е позајмица до крајот на сезоната. Тотенхем е во потрага по замена за Хари Кејн кој замина во Баерн Минхен за 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

