Очигледно дека сагата околу иднината на Килијан Мбапе ќе продолжи и понатаму. Прво фудбалерот одби да потпише нов договор, потоа одби да преговара за нова соработка и најави заминување како слободен во 2024 година, па потоа беше суспендиран, и сега на крајот, како што тврди „Скај Спортс“, се согласил да преговара за продолжување на договорот.
ПСЖ сакаше да го продаде веднаш за да заработи нешто на него, но тој одбиваше да замине. Светскиот првак од 2018 година одби да продолжи во Саудиска Арабија, а исто така пропадна можноста да замине во Реал Мадрид.
Во меѓувреме Мбапе беше вратен на тренинзите на првиот тим, и играше оротив Лориен кој заврши без голови. Останува да се види дали Мбапе ќе се согласи на нова соработка со „светците“. За потсетување дека од тимот во овој преоден рок заминаа Нејмар и Лионел Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА