Фудбалер од Серија „А“ обвинет за сексуално насилство

Фудбалерот на Исланд, Алберт Гудмундсон е под знак прашалник за играње на националниот тим поради сомнение за сексуално насислтво, соопштува „Ла Република“. Против напаѓачот на Џенова е поднесена жалба од жена која што тврди дека била сексуално злоставувана од страна на репрезентативецот. Играчот ги отфрли обвиненијата.

Додека полицијата работи на случајот, фудбалерот нема да биде во можност да игра за националниот тим. И натаму останува непознато како ќе се однесуваат од Џенова.

Пред две недели се појавија информации за неколку случаи на сексуален напад со исландски државјани. Една жена открила дека во 2017 година била нападната од двајца играчи на Исланд во дискотека во Рејкјавик. Откако одбила да биде со нив, госпоѓата била удрена со тупаница и била фатена за врат. Заминала на лекар каде што добила потврда за повредите.

Во јули Гилфи Сигурдстон, кој играше во Англија, беше уапсен од полицијата во Манчестер поради сомнение за сексуален напад врз дете. На крајот од 2021 година исландскиот претседател на федерацијата поднесе оставка.

Се вчитува...