Се огласи семејството на исчезнатиот фудбалер: „Не знаеме каде е…“

Веста за исчезнувањето на фудбалерот на Горица, Абдулах Талал Хамид се прошири низ цела Европа. Ова лето овој играч потпиша за Горица, а во понеделникот од Будимпешта се упатил кон Велика Горица, каде што требало да се јави на подготовките на својот тим. Меѓутоа на патот му се губи секаква трага.

Хрватскиот клуб веќе побара помош и било каква информација, а новинарите го контактирале неговиот татко.

„Не знаеме каде е, но ќе го најдеме“, рече неговиот татко и дополни дека неговиот син неколку дена пред да исчезне делувал депресивно.

„Минатата недела Абдулах беше многу загрижен. Звучеше депресивно, нестабилно, но не сакаше да ми каже за што станува збор. Рече дека нешто би можело да се случи“, вели таткото.

Таткото на фудбалерот открива дека неговиот син требало да потпише за друг клуб, но дека не се договориле, а еден од нив извадил и нож.

„Му бараа 50.000 евра за компензација, а Абдулах им рече дека нема да добијат. Тогаш станаа агресивно. Две лица дојдоа во хотелот и еден нив му се закануваше со нож, а вработените во хотелот веднаш повикале полиција“, рече тој.

 

Се вчитува...