Конференциска лига: Фенербахче го „здроби“ Твенте, Фиорентина загуби од Рапид Виена

Фенербахче е безмалку сосема извесно во групите од Конференциската лига на УЕФА откако во првиот натпревар од плејофот пред своите навивачи славеше убедливо против холандски Твенте со 5-1.

Твенте прв поведе со голот на Угалде во 20. минута а потоа се беше во знакот на турскиот тим.

Остерволде израмни уште пред полувремето, за да потоа Шимански во 60. минута зголеми на 2-1. Следеа потоа два гола на Кавечи, и на крај во самиот финиш Тадиќ од пенал заокружи на 5-1.

Фиорентина загуби со 1-0 на гостувањето против Рапид Виена. Стрелец на единствениот гол за Австријците беше Грул од пенал во 35. минута.

Романски Сепси ремизираше на домашен терен (2-2) против норвешки Бодо Глимт.

Се вчитува...