Малески: Среќен сум што дебитирав со гол и победа за АП Брера

Христијан Малески, без сомнение, е најзаслужниот за победата на АП Брера од 2-0 против Тиквеш во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига по која продолжи максималниот ефект за струмичани.

Во своето деби за новиот клуб откако влезе од клупата Малески донесе вистинска свежина за АП Брера, со гол и асистенција носејќи ја победата за својот тим.

„Беше навистина еден тежок натпревар. Среќен сум што го постигнав водечкиот гол, но беше благодарение на добриот центаршут по кој успеав да погодам“ – вели Малески по дуелот, веднаш дополнувајќи:

„Сосема заслужена победа. Убаво е кога ќе се дебитира на ваков начин. Може да кажам дека одлично сум примен во екипата во која гледам владее убава атмосфера и тоа не води до успесите. И во Штип сега во недела одиме на победа“.

Се вчитува...