Вест Хем и Ајакс дојдоа до конечен договор околу трансферот на Мохамед Кудус. Ганецот сега само детали го делат од потпис со тимот од Лондон, а целиот трнасфер би требало да чини 40 милиони евра.
Вчера Кудус во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, постигна три од четирите гола на Ајакс на гостувањето во Разград кај бугарскиот првак Лудогорец. И по натпреварот самиот фудбалер истакнал дека тоа му е последен меч во дресот на Ајакс.
„Мислам дека ова ми е последен меч во Ајакс. Но, ќе видиме што ќе се случува во следните денови“, рече тој.
Се шпекулира дека Вест Хем веднаш испратил авион до Амстердам, кој ќе го чека Кудус најпрво да пристигне од Варна, а потоа веднаш да се упати кон Лондон на медицински прегледи и потпис на договорот со премиерлигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

