Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо ќе биде надвор од терените неколку месеци, откако заработи повреда на мускулот, објави неговиот тим.
Тоа е втора повреда во тимот на Јунајтед, откако претходно се повреди и Мејсон Маунт кој може да ги пропушти следните шест седмици.
Шоу започна како стартер во двата досегашни меча во Премиерлигата, а повредата значи дека нема да може да игра и за Англија во мечевите со Украина и Шкотска во септември.
Ерик Тен Хаг ќе има проблем со левата бековска позиција, со оглед дека и Тајлер Маласиа е повреден, и сега единствен лев бек кој му остана е Алваро Фернандес кој има 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

