Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк каде што ќе настапува на престојниот грен слем УС Опен. Веднаш по пристигнувањето, беше пречекан од аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, додека Аргентинецот се подготвуваше за натпреварот против Ред Бул во Њујорк.
На социјалните мрежи се појави заедничка фотографија, а друштво им прави и Хорхе Мас, сопственик на Интер од Мајами.
Ѓоковиќ навиваше за Аргентина на Мундијалот во Катар, а Меси потоа проговори за освојувањето на Ѓоковиќ на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА