Тиквеш се засили со стоперот Фетаи

Екипата на Тиквеш денеска го потврди своето најново засилување. Станува збор за Имран Фетаи, кој игра на стоперската позиција и доаѓа од Беса.

Претходно Фетаи настапуваше за Гостивар и за Шкендија. Тој има 21 година, и младински репрезентативец на нашата земја. Играше за Шкендија во малдинската лига на шампиони.

Фетаи е едно од решенијата за стоперската позиција, која остана испразнета по тешката повреда на Алмир Цубара, кој ќе паузира подолго од терените.

Се вчитува...