Феноменалната Канада ја понижи Франција на стартот на Светското првенство

Кошаркарите на Канада славеа на првиот натпревар на Светското првенство и тоа против Франција убедливо со неверојатни 95-65.

Канада на вистински начин го отвори Мундобаскетот со право потврдувајќи ги предвидувањата дека може да дојде и до самото финале на шампионатот.

До триумфот ги предводеше неверојатниот Александер Гилџус со 27 поени, дополнети и со 13 скока и 6 асистенции. Кели Олиник запиша 18 поени во победничкиот тим.

Кај Французите не помогна ниту квалитетната партија на Фурние кои постигна 21 поен.

Литванија без поголеми проблеми славеше против Египет со 93-67.

Се вчитува...