Македонската репрезентативка Христијана Парулеска го освои бронзениот медал на Светското таеквондо ИТФ првенство кое се одржува во Астана, Казахстан.
Парулеска се закити со бронза во спаринг борби во јуниорска конкуренција во категоријата 14-15 години.
Парулеска можеше и до финале, но повредата на задната ложа на десната нога во полуфиналето ја оневозможи нашата репрезентација да се бори за златото.
Покрај Христијана Парулеска, во нашата репрезентација се и Зоран Парулески, Давид Крстески и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

