Меси или Роналдо… За Томас Милер нема дилема кој е подобар

Вечната фудбалска дилема дали Лионел Меси е најдобар фудбалер на денешницата или пак тоа е Кристијано Роналдо. Многумина имаат различни ставови по ова прашање, а неодамна на истата тема беше прашан и Томас Милер, при што големиот ас на Баерн Минхен немаше никаква дилема во одговорот.

За Милер, Лео Меси е играчот кој ги одбележа последните две децении и на кого германскиот репрезентативец сепак му дава предност во „трката“ со Роналдо.

„Меси е најдобриот, јас немам дилема на оваа тема, тој е оној што луѓето ги тера да одат на стадиони да уживат, елегантен е, ефикасен, урива рекорди и освојува титули. Роналдо? Да тој е кандидат од две причини – личната статистика и освоените пехари. Сепак, се што прави Меси е многу поедноставно, по суптилно, поелегантно. Тоа е она што го прави Лео подобар од сите останати, вклучувајќи го и Роналдо“, изјави Милер.

Се вчитува...