Роналдо и Мане конечно „кликнаа“, Ал Наср „експлодираше“ (видео)

Кристијано Роналдо и Садио Мане го одиграа најдобриот заеднички натпревар откако двајцата се членови на Ал Наср, предводејќи го својот тим до убедлива победа на гостувањето против Ал Фатех од 0-5. Роналдо го заврши мечот со хет-трик, Мане ги постигна преостанатите два гола за својот тим, како најава дека кризата од самиот старт на сезоната е надмината и Ал Наср е подготвен за атак на висок пласман.

Првиот гол беше вистинско ремек-дело, откако Роналдо со пета го проигра Мане, а Сенегалецот во манир на голем стрелец ја затресе противничката мрежа.

Потоа на сцена стапи Португалецот со два рутински гола, првиот со глава од два-три метри, вториот со нога во празна мрежа по несебичното додавање на еден од соиграчите. Мане зголеми на 0-4 во финишот, за во судиското продолжение Кристијано со својот прв хет-трик сезонава

Се вчитува...