Челси во третиот обид конечно стигна до првата победа во Премиер-лигата откако „сините“ без многу мака го совладаа Лутон со 3-0. Во главна улога беше Рахим Стерлинг, кој со два гола и една асистенција донесе радост на „Стемфорд бриџ“ за лечење на раните од ланската сезона, но и од минатонеделниот пораз од Вест Хем.
Од самиот почеток стана јасно дека Лутон нема капацитет за борба на средината од теренот, гостите се повлекоа, а беше само прашање на време кога Челси ќе го скрши нивниот отпор. Стерлинг со извонреден соло-продор и прецизен удар успеа да донесе водство од 1-0, резултат со кој се замина на одмор.
„Сините“ потоа промашија неколку шанси и во вториот дел, пред Стерлинг да зголеми на 2-0 на асистенција на десниот бек Густо. Стерлинг до крајот одлично се снајде и во улога на асистент, маестрално додавајќи му на Џексон за неговиот прв гол сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

