Кутињо на пат кон Катар

Бразилецот Филипе Кутињо, ги договорил сите лични услови за катарскиот клуб Ал-Духаил. Некогашниот играч на Барселона и на Ливерпул сега ја чека само дозволата од Астон Вила за да се оствари трансферот.

Кутињо некогаш направи трансфер во Барселона за сума од 130 милиони евра во 2018 година, но никогаш не се снајде во каталонскиот клуб, па потоа беше на позајмица во Баерн Минхен, па во Астон Вила, за потоа да направи перманентен трансфер во тимот од Бирмингем.

Бразилскиот интернационалец има одиграно 68 натпревари во националниот тим и постигнати 21 гол.

Се вчитува...