Македонецот Гого Славески освои светска титула во велтер категорија во борби со голи раце во БКФЦ категоријата совладувајќи го Џејл Лидзи со одлука на судиите.
По оваа голема победа со која стана најдобар на светот испрати порака до сите Македонци.
„Радувајте се Македонци, испишавме историја. Македонија е мала држава, и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но ние сме земја на шампиони“, рече Славески по прогласување на победникот.
Тој исто така имаше и интересен статус на својот „Фејсбук“ профил.
„За мојот народ никогаш да не збориш во деминутив“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

