Грција и со многу падови во играта, убедливо го совлада Јордан

И покрај многуте падови во играта во текот на мечот, кошаркарската репрезентација на Грција убедливо го совлада составот на Јордан на стартот од Мундобаскетот.

Грците имаа убедлива предност по првиот дел од 13 разлика, во третата четвртина Јордан се доближи во еден момент на негатива од три поени, и се закануваше дека може да ја „стопи“ предноста.

Меѓутоа Грција во последниот период беше убедлив, и го реши прашањето околу победникот. Ја доби четвратат четвртина убедливо со 11-26. Најефикасен на средбата беше Холис-Џеферс од Јордан со 23 поени, додека кај победничкиот тим Ларенцикас постигна 17 поени.

Денеска се одиграа уште два натпревари на Мундијалот. Грузија со 85-60 ги совлада Зеленортските острови, додека Порторико по продолженијата беше подобар од Јужен Судан со 101-96.

Се вчитува...