Поранешниот напаѓач на Динамо Загреб, нигерискиот интернационалец Ијаји Атиемвен е нов член на Гостивар. Нигериецот покрај Динамо, во минатото играше и за Ерчијеспор, Чајкур Ризеспор, Горица, Локомотива, Омонија, Горица, а доаѓа од Шериф Тираспол.
За „модрите“ од Загреб во три сезони одигра 40 натпревари на кои постигна девет погодоци. Инаку против Атиемвен во 2019 се водеше постапка поради наводно претепување на две девеојки. Тој ги отфрли обвинувањата.
Претходно Гостивар се засили со Гоба Закпа и Јаник Нкурунзиза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

