Рома го промовираше Азмун

Екипата на Рома си најде нов напаѓач во името на Сардар Азмун од Баер Леверкузен. Иранецот потпиша договор до крајот на сезоната, со опција да биде откупен неговиот договор од Баер Леверкузен.

Во минатото Азмун играше во Рубин Казан. Беше нарекуван „иранскиот Меси“, меѓутоа по трансферот во Германија не се снајде онака како што посакуваше, и сега ќе се обиде да биде подобар во Рома.

„Тешко е да се опишат емоциите кои ги чувствувам. Дојдов во еден од најпрестижниот клубови, и ќе ми биде сон да освојам титула со Рома. Минатата година имав шанси да играм на овој стадион и атмосферата беше одлична. Не сум играл никогаш пред толку добри навивачи, и сега со нетрпение чекам да играм и да дадам се од себе да ги исполниме целите“, изјави Азмун.

Се вчитува...