Адили: Се надевам дека Шкендија ќе продолжи во победнички ритам

Шкендија утре му гостува на тимот на Работнички на „Борис Трајковски“ во обидот да дојде и до четвртата победа, и да го стигне тимот на АП Брера на чело на табелата, кој има максимален учинок.

Шкендија одлично го стартуваше новиот шампионат, и стоепрот Мевлан Адили се надева дека тимот ќе продолжи во ист, победнички стил.

„Атмосферата во клубот е многу добра, со оглед дека одлично го стартувавме првенството, и имаме три победи во првите три натпревари. Се надевам дека и следниот период ќе продолжиме со со победи. Добро се подготвуваме за натпреварот со Работнички. Добро го анализиравме противникот и се надевам дека ќе победиме“, изјави Адили.

Се вчитува...