Кошмарен старт за Јунајтед: Нотингем за 4. минути води 0-2 на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

После поразот од Тотенхем, сите очекуваа враќање на Манчестер Јунајтед на победничките патеки во Премиерлигата. На „Олд Трафорд“ дојде екипата на Нотингем, која важеше за голем аутсајдер.

Меѓутоа домашните фудбалери и навивачи доживеаја кошмар, откако по само четири минути Нотингем има предност од 0-2.

Стрелци на головите беа Авонији и Боли, со што Нотингем направи голем чекор кон трите бода на ова тешко гостување.

Се вчитува...