Мурати: Ја респектираме Шкендија, но ќе атакуваме на три бода

Во рамките од петото коло во ПМФЛ, Работнички на домашен терен игра против Шкендија, во обид да дојде до третата победа во првенството. До сега „романтичарите“ имаат две победи остварени како домаќин и два порази.

Шкендија има максимален ефект во досегашниот ефект од шампионатот, а Работнички сака да се рехабилитира по поразот од Гостивар во минатото коло.

Мевљан Мурати дојде во Работнички токму од Шкендија и вели дека тој и соиграчите ќе сторат сѐ за да освојат три бода на утрешната пресметка.

„Шкендија е квалитетен тим, имаат добар ритам, но и ние веруваме во своите квалитети. Имаме распект за ривалот, но сигурно дека ќе атакуваме на трите бода. Ако бидеме на вистинското ниво, мислам дека можеме да ја оствариме целта“, изјави Мевљан Мурати.

Се вчитува...