Декоси потпиша за Работнички

Квентон Декоси е новото засилување на КК Работнички откако американскиот кошаркар вечерва и официјално го стави потписот на договорот со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Станува збор за кошаркар висок 196 сантиметри што може да ги покрие позициите два и три, од кого дефинитивно ќе се очекува да биде еден од главните адути на тренерот Мираковски во играта во напад на „центарци“. Тој ја минал ланската сезона во Алба Фехервар во Унгарија, а претходно има настапувано и во Тревизо, Кието и во Арис.

За потсетување, „центарци“ претходно го договорија и поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Роберт Рикиќ, од Пелистер пристигна Бобан Стајиќ, а договорена е и соработка со македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.

Се вчитува...