Пелистер продолжува да го екипира играчкиот кадар за новата сезона откако битолчани фокусот го префрлија кон странските засилувања, откако претходно осигураа пет домашни играчки во својот ростер.
Во текот на вчерашниот ден беше потпишан договор со Кристијан Банди, а од денеска нов член на актуелниот вицешампион на Македонија е и Малколм Бернард. Овој американски бек има настапувано во неколку европски земји (Финска, Словенија, Белгија), а последната сезона ја мина во Австралија, како член на Саут Ист Мелбурн.
„Пелистерци“ наскоро ќе потпишат уште двајца странски кошаркари, а од домашните играчи под договор со тимот на Марјан Илиевски се Костоски, Сапунџиев, Маслинко, Хот и Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА