Јунајтед го бара трансфер-промашувањето на Челси

Ерик тен Хаг е принуден да се врати на пазарот во обид да донесе нов лев бек по серијата малери на Манчестер Јунајтед. Маласија е повреден извесно време, но тренерот на „црвените ѓаволи“ има причина за главоболка откако Лук Шо се приклучи на листата на повредени играчи.

Англискиот репрезентативец е еден од најстандардните фудбалери кај Тен Хаг, а холандскиот стратег најави дека повредата е прилично сериозна и Шо ќе отсуствува со месеци од тимот на Јунајтед. Во таква ситуација, тој е принуден да тргне по нов лев бек, а на врвот на листата со желби се наоѓа Марк Кукурелја.

Поранешниот фудбалер на Хетафе играше сосема солидно во Брајтон, но потоа се претвори во едно од многуте трансфер-промашувања на Челси откако воопшто не се снајде во таборот на лондонскиот клуб. Покетино јасно стави до знаење дека не смета сериозно на неговите услуги, па интересот на Јунајтед е добредојден за Челси да се ослободи од ова скапо засилување. Проблем претставува што „ѓаволите“ немаат буџет за засилувања откако им пропадна продажбата на Мегваер во Вест хем, па се очекува да се преговара за едногодишна позајмица на Кукурелја на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...