ВИДЕО: Неверојатен слалом на Алпер Потук – Покажа зошто е најплатеното име кое некогаш играло во ПМФЛ!

Гостивар успеа да израмни на 1-1 на гостувањето во Чаир против фаворитот Шкупи со прекрасен гол во второто полувреме.

А, творец на голот за гостиварци беше веројатно најзвучното и најплатено име кое некогаш заиграло во македонскиот шампионат, поранешниот турски репрезентативец Алпер Потук.

Во 64. минута од средбата, Потук успеа да мине покрај тројца противнички дефанзивци и со извонредно луциден потег да го матира и голманот на Шкупи, за 1-1…

Се вчитува...