Ако Фабрицио Венегас беше херојот на Брегалница во првото полувреме кога штипјани комплетно доминираа на теренот, а со прекрасниот гол на Костариканецот дојдоа до водство од 1-0, тогаш во второто полувреме херој на тимот на Горан Здравков, без сомнение, беше голманот Мартин Давков.
Брегалница повеќе од заслужено прва сезона го зеде „скалпот“ на АП Брера која досега имаше четири победи од исто толку натпревари, но во Штип мораше да се помири со поразот.
А, една од причините и Мартин Давков кој во 74. минута го одбрани пеналот на Врдољак.
До крајот Давков имаше уште неколку одлични интервенции што ја однесе Брегалница до конечната победа од 1-0.
Брегалница сега, по пет кола, е на третото место на табелата со 9 бода, три помалку од водечките АП Брера и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

