Луд пресврт на Ливерпул во режија на Нуњез: И 70 минути со фудбалер помалку до триумф над Њукасл (ВИДЕО)

Ливерпул и со фудбалер помалку успеа да дојде до извонредна победа во повеќе од драматичниот натпревар на гостувањето против Њукасл во 3. коло од Премиерлигата.

Составот на Јирген Клоп, и покрај тоа што речиси 70 минути, вклучувајќи го и судиското продолжение, играше со играч помалку, а имаше негатива од 25. минута, сепак во последните секунди од натпреварот дојде до триумф од 1-2.

Многу рано почнаа проблемите за „црвените“ кога Гордон во 25. минута донесе водство од 1-0 за Њукасл, а веќе во 28. минута директен црвен картон заработи еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, капитенот Ван Дајк.

Сепак, Дарвин Нуњез во 81. минута најпрво успеа да израмни на 1-1, а истиот фудбалер во 93. минута донесе и голема победа за својот тим.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...