Ракометарите на Прилеп не успеаја да се изборат за место во финалето на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, откако загубија убедливо од српска Дубочица со 18-34.
Србите уште во првото полувреме се стекнаа со убедлива предност од 9-19 по што вториот дел беше само рутина до конечната победа.
Дубочица во финалето на турнирот ќе игра со новиот македонски суперлигаш Мулти Есенс кој во првото полуфинале во скопската пресметка славеше над Пролет со 29-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА