Наполи ја запиша и втората победа во 2. коло од Серија А, овој пат пред своите навивачи со 2-0 против Сасуоло.
Осимхен од пенал во 16. минута донесе водство од 1-0, а Ди Лоренцо во 64. минута ги постави конечните 2-0.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десет минути на дуелот, влегувајќи во игра на местото на Распадори.
Goalll Victor Osimhen put Napoli ahead of Sassuolo from the penalty spot
— FansArena (@FansArena4) August 27, 2023
What a goal from Di Lorenzo to double up the lead for Napoli against Sassuolo
— FansArena (@FansArena4) August 27, 2023
Лацио, пак, го доживеа и вториот пораз во 2. коло, овој пат пред своите навивачи од Џенова со 0-1.
Стрелец на победничкиот гол за Џенова беше Ретеги во 16. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА