Битката за власт во фудбалска Шпанија добива нова димензија откако претседателот Луис Рубиалес во борба да остане на чело на федерациајта се реши да испрати жалба до УЕФА – барајќи казна поради политичко мешање во фудбалот и суспензија на клубовите и репрезентацијата.
Шпанските медиуми денеска објавија дека Генерарниот секретар Андреу Кампс веќе испратил вакво писмо до европската куќа на фудбалот, жалејќи се дека Рубиалес е цел на политичка кампања со цел да биде сменет од функцијата. Вообичаено УЕФА во вакви случаи пристапува како сојузник на фудбалските федерации, испраќајќи предупредување до државните власти, со јасна закана дека доколку ситуацијата не биде променета ќе следи и суспензија на таа земја од натпреварувањата на УЕФА (сите европски купови на клупско ниво, но и квалификациите под капата на УЕФА на репрезентативен план).
Александар Чеферин досега молчеше за скандалозното однесување на Рубиалес, кој патем е и потпретседател на УЕФА и еден од главните соработници на Словенецот во европската куќа на фудбалот. Сепак, во прилог не оди фактот што ФИФА веќе се јави со соопштение и привремено го суспендираше Рубиалес, па УЕФА тешко дека ќе тргне во суспензија за нешто за што светската куќа на фудбалот ја зазела спротивната страна во конфликтот.
Како и да е, изненадува фактот што се луѓето се подготвени за да останат на власт, во случајот во фудбалска Шпанија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА