Првиот човек на Одбојкарската Федерација на Македонија, Петар Јовановски, е оптимист за шансите на нашиот национален тим за пласман меѓу најдобрите четири селекции во групата во Скопје, што би значел учество во втората фаза од ЕП 2023.
„Црвено-жолтите“ одиграа бројни контролни средби со квалитетни ривали што послужија за темпирање на формата, па сега максимално подготвени го дочекуваат стартот на европскиот шампионат, прво сениорско одбојкарско натпреварување што се игра во нашата земја.
„Утре почнува она пшто толку го очекувавме, за што десетина години напорно работевме. Европа ја препозна нашата работа, нашиот труд и ја добивме организацијата на една од групите за ЕП. Освен што бевме препознаени од Европа, горди сме што сме препознатливи во нашата држава, што сме поддржани од еден сериозен стопански субјект како НЛБ Тутунска Банка за неизмерната поддршка. Сакам да ги поканам сите искрени навивачи да дојдат да ни дадат поддршка, за да се радуваме на нова победа, првата беше што го добивме првенството, втора нека биде над Данска утре вечер“, изјави Јовановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА